Мистеријата конечно е решена: Што пишуваше на дланката на убиецот на Флојд кога го извадија од судницата?

По долги шпекулации, конечно е откриено што пишува на дланката на Дерек Шовин, полицаец, кој беше прогласен за виновен за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше усмртен во мај минатата година.

Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон, за медиумите изјави дека поранешниот полицаец го напишал неговиот телефонски број на раката, бидејќи знаел дека ако поротата го прогласи за виновен, нема да му биде дозволена кауција и дека сигурно ќе му биде одреден притвор.

– Му беше јасно дека, бидејќи тој беше поранешен полицаец, неговата употреба на телефон ќе биде ограничена, но дека ќе му биде дозволено да го повика својот адвокат. За секој случај, тој го напиша својот телефонски број на дланката на левата рака. Поради неговата поранешна работа, но и случајот кој веќе подолго време се води против него, тој веќе неколку пати бил на суд и е свесен дека доколку биде прогласен за виновен, многу бргу ќе биде затворен, без можност за разговор на адвокат по пресудата – изјави Нелсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот