Стоунхенџ / Фото: Pixabay / fotobias

Мистеријa решена по 5000 години: Научниците конечно открија како всушност бил изграден Стоунхенџ

Нова студија дополнително фрла светлина врз големата мистерија на Стоунхенџ. Сместен во Вилтшир, Англија овој праисториски споменик содржи камен што ги збунува научниците, таканаречениот „камен Њуал“ (Newall boulder). Досега се водеше дебата дали овој камен стигнал таму благодарение на глечерите од Велс или луѓето го транспортирале пред 5000 години.

Професорот Ричард Бевинс од Универзитетот Абериствит и неговиот тим неодамна го споредија овој камен со примероци од карпи од локација во Велс. Користејќи микроскопска и геохемиска технологија, тие открија дека нема докази што ја поддржуваат теоријата дека станува збор за глечерски нанос.

Напротив, каменот покажува исти карактеристики како карпите од локацијата Крег Рос-и-Фелин, што укажува дека луѓето го пренеле дел од идниот споменик повеќе од 200 километри до Вилтшир. Хемиската анализа покажа дека каменот и другите фрагменти од Стоунхенџ имаат идентични количини на ториум и циркониум како карпата од таа локација во Велс.

Научниците во извештајот наведоа дека каменот е фолијатен риолит, а неговата површина е богата со калциум карбонат, што дополнително укажува на човечка активност. Доколку каменот навистина бил транспортиран од глечери, слични примероци би биле расфрлани низ целиот регион Стоунхенџ – што не е случај.

Друг закопан камен од локацијата, познат како Камен 32d, беше предмет на истражување. Пред овие откритија, се веруваше дека е долерит, но се покажа дека е фолијатен риолит, исто како „каменот Њуал“.

„Еден од фасцинантните аспекти на Стоунхенџ е тоа што многу од неговите мегалити, за разлика од големите, локални сарсени, доаѓаат од Велс, оддалечен повеќе од 200 километри. Повеќето археолози веруваат дека неолитските луѓе го извршиле овој неверојатен подвиг, транспортирајќи блокови со тежина до 3,5 тони. Сепак, постои и спротивно мислење, дека не бил вклучен човечки напор“, соопшти истражувачката група.

Застапник на теоријата за глечерот е д-р Брајан Џон, кој тврдел дека: „Каменот бил намален и значително изменет за време на глацијалниот транспорт, поминувајќи го поголемиот дел од своето време на дното на глечерот. На крајот бил таложен некаде на или во близина на полето Салисбери.“

Сепак, најновите истражувања покажуваат дека овие карактеристики се резултат на временските услови, а не на влијанието на глечерот.

„Да се претстави како факт, наместо како хипотеза, е нечесно. Самото присуство на Стоунхенџ е доказ дека неолитските луѓе преместувале камења со тежина до 40 тони“, изјавиле авторите на студијата за делото на д-р Џон.

Освен ако не се тврди дека сите овие камени блокови веќе лежеле на местата каде што подоцна биле подигнати, јасно е дека тие морале да бидат транспортирани.

Ако можеле да преместат камен неколку десетици метри, можеле да го преместат стотици километри. Можеби не било лесно, но било изводливо. Транспортирањето сини камења од 2-3 тони би било многу полесно од сарсен.

„Нема директни докази за тоа како го правеле тоа, но се знае дека современите членови на домородните народи транспортирале огромни камења користејќи јажиња, дрвени санки и лизгалки, технологии кои биле достапни и во неолитот“, велат научниците.

Студијата е објавена во „Џрнал оф археолоџикал саенс“ (Journal of Archaeological Science).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот