ВИДЕО | Мистер Бист се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување: „Адвокатите ќе средат сè“
Најпопуларниот јутјубер во светот, Мистер Бист, неодамна беше обвинет за сексуално вознемирување и малтретирање. Тој беше обвинет од натпреварувачите во неговото шоу „Beast Games“ , а јутјуберот сега одлучи да се огласи за целата ситуацијата.
Препорачано
„Морам да ги оставам моите адвокати да се справат со тоа, не можам да коментирам, но што можам да кажам – лично разговарав со 700-800 натпреварувачи. Сите тие се сите се забавуваа. Можете да ги гледате нивните содржини на интернет, мислам дека многу зборува“, изјави во „Добро утро Америка“.
Тужбата не е официјално поднесена во судот?
Портпаролот на Мистер Бист исто така ги коментираше наводите, велејќи дека самата тужба, која беше поднесена уште во септември минатата година, сè уште не е официјално претставена на суд.
Вистинското име Џими Доналдсон, познат како Мистер Бист почна да го емитува шоуто „Beast Games“ во декември минатата година. На него учествуваа 2.000 натпреварувачи кои се натпреваруваа за награда од 5 милиони долари, а шоуто стана најгледаното во својата категорија на „Амазон прајм“.
За што е обвинет Мистер Бист?
Петмина натпреварувачи набрзо поднеле тужба, тврдејќи дека немале доволно храна и сон за време на снимањето. Тие тврдеа и дека нивното здравје е загрозено и дека атмосферата е непријателска. Во тужбата се наведува и дека Доналдсон сексуално вознемирувал и експлоатирал неколку натпреварувачи за време на снимањето.


