Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Мислав Матиќ и Георгије Јанкулов остануваат до 2028 година во Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар АД Скопје ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со двајца свои играчи кои остануваат верни на „црвено-црниот“ дрес.

Мислав Матиќ потпиша нов договор со скопскиот клуб до 30 јуни 2028 година, а истото го направи и Георгије Јанкулов.

24-годишниот одбранбен фудбалер Јанкулов сезонава во домашниот шампионат запиша 16 настапи и еден гол во ремито против Струга Трим Лум.

Хрватскиот дефанзивец Матиќ исто така има 16 настапи во првенството, но со два постигнати голови во победите над Арсими (4:1) и Тиквеш (2:1).

Екипата моментно е на зимски подготовки во Анталија, Турција, каде покрај редовните тренинзи веќе одигра и контролни натпревари против чешкиот Јаблонец (2:6) и Андијон од Узбескистан (1:1).

Во петокот Вардар требаше да игра пријателски меч против Мотор Лубин од Полска, но истиот е откажан поради лошите временски услови.

Во Вардар веќе се бара наследникот на Седлоски, се воделе разговори со неколку тренери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот