Гоце Седлоски/ffm.mk

Во Вардар веќе се бара наследникот на Седлоски, се воделе разговори со неколку тренери

Гоце Седлоски неодамна беше именуван за селектор на македонската репрезентација, а во периодот што следи ќе ја извршува и тренерската функција во Вардар. Сепак, во таборот на актуелниот лидер во ПМФЛ веќе се размислува за решение по неговото заминување од клупата.

Засега според планот, Седлоски ќе остане на чело на Вардар до летниот период, по што целосно ќе се посвети на обврските во националниот тим. Како што откри извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, Вардар веќе разгледува повеќе опции за негов наследник.

„Размислуваме и за странски и за домашни тренери. Имавме разговори со еден тренер кој во меѓувреме стана селектор на Словенија, а и вториот странец со кој преговаравме прифати селекторска позиција. Прашањето останува отворено. Во игра се и двајца домашни тренери и во наредниот период ќе треба да донесеме одлука. Планот е Седлоски да ги води и летните подготовки и да биде тука за првите квалификациски кола, а од август да го напушти кормилото“, изјави Неделковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот