Мисица меѓу загинатите во страшниот земјотрес во Мјанмар, имаше само 28 години
Меѓу жртвите од разорниот земјотрес во Мјанмар со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, е и 28-годишната девојка позната како Сили Mи, поранешна Мис туризам на Мјанмар. Таа загина под урнатините на луксузниот станбен комплекс Скај Вила во Мандалеј.
Препорачано
Како што пренесуваат странските медиуми, нејзиното тело било пронајдено под урнатините на 2 април. Веста за нејзината трагична смрт ја потврди и организацијата Мис туризам на Мјанмар во соопштение.
„Мис туризам Мјанмар 2018 Сили Ми, која го претставуваше Мјанмар на натпреварот за Мис туризам 2018 година, трагично почина како последица на земјотресот на 28 март 2025 година“, се вели во соопштението.
Сили Ми беше прва носителка на титулата „Мис туризам Мјанмар“ која ја освои во 2018. По победата на национално ниво ја претставуваше својата земја на меѓународниот натпревар „Мис на туризмот на светот“. Таа беше активна на социјалните мрежи каде споделуваше детали од својот живот – патувања, настапи, но и секојдневни моменти.
Комплексот Скај Вила, изграден во 2017 година, се сметаше за еден од најмодерните во Мандалеј. На покривот имало популарен ресторан, а зградата била рекламирана како зграда со „отпорност од земјотрес“.


