Мишо Ковач заврши во болница: Ќерка му ја откри неговата здравствена состојба

Мишо Ковач / Фото: Инстаграм/Мишо Ковач

Легендарниот пејач Мишо Ковач беше итно примен во болница поради нарушено здравје. Како што пренесуваат локалните медиуми, неговата ќерка Ивана ги откри деталите за здравствената состојба на пејачот.

Имено, станува збор за висока температура. Пејачот синоќа со возило на Брза помош заврши во КБЦ Сплит, а моментално е на пулмолошкиот оддел. Неговата ќерка Ивана за медиумите изјави дека нема потреба за грижа.

„Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно. За постарите луѓе кои веќе имаат некакви потешкотии како него, треба да одат во болница…превентивно. Не е исто како кај нас здравите кога ќе добиеме висока температура. Лекарите ќе го задржат некое време, а потоа ќе го пуштат дома“, изјави Ивана Ковач.

Инаку, Мишо минатата година требаше да настапи на новогодишната ноќ во Вуковар, но мораше да откаже. Тој тогаш доби висока температура. Пејачот тогаш изјави дека многу му е жал што ги разочарал жителите на Вуковар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот