Мишел: Нападот врз де Врис е напад врз нашите вредности

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го осуди нападот врз холандскиот новинар Питер Р. де Врис, кој се бори за живот по обидот за негово убиство во центарот на Амстердам.

„Тоа е злосторство против новинарството и напад врз нашите вредности на демократијата и владеењето на правото. Ние ќе продолжиме безмилосно да ја браниме слободата на говорот“ напиша Мишел на Твитер.

Познатиот холандски новинар од рубриката Црна хроника се наоѓа во критична состојба откако во него беше пукано синоќа од огнено оружје во центарот на Амстердам.

Нападот се случи само неколку минути откако 64-годишниот Де Врис ја напуштил зградата на РТЛ каде учествувал во популарното телевизиско шоу „Булевар РТЛ”.

Полицијата потврди дека се приведени три лица осомничени за нападот.

Де Врис се стекна со слава уште во раните 80-ти години на минатиот век кога известуваше за киднапирањето на магнатот Фреди Хајнекен.

Холандски новинар кој истражувал криминал застрелан во глава, полицијата трага по сторителите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот