Холандски новинар кој истражувал криминал застрелан во глава, полицијата трага по сторителите

Холандски новинар, кој пишувал за криминал, Петер Р. де Врис е погоден со огнено оружје на улица во Амстердам, објави весникот Парол и додава дека тој со тешки повреди е пренесен во болница.

Полицијата соопшти дека еден маж е ранет во пукање во Амстердам, но не го потврди неговиот идентитет.

„Еден маж е застрелан на улицата Ланге Леидесварстрат, соопшти полицијата. Улицата се наоѓа во близина на еден од најголемите плоштади во градот.

На самото место се возила на итната помош и полицијата која трага по едно или повеќе лица осомничени за нападот. Полицијата побара и помош од очевидци доколку имаат информации да пријават во полициска станица.

Весникот Парол, повикувајќи се на очевидци објави дека Де Врис е погоден во глава.

Де Врис е вистинска ѕвезда во Холандија, познат по истражувачката работа по киднапирањето на пивскиот магнат Фреди Хајнекен во 1983 година. Тој стана познат и во САД по истражувачката работа на исчезнувањето на тинејџерката Натали Халовеј во 2006 година.

Поради своите истражувачки стории често бил мета на криминалното подземје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот