Миранда Кер е бремена: Го очекува третото дете со основачот на Снепчет

Миранда Кер и Еван Спигел / Фото: Profimedia

Австралиската манекенка Миранда Кер и основачот на „Снепчет“, Еван Спигел го очекуваат третото заедничко дете.

Среќната вест ја сподели самата Кер на Снепчет, социјалниот медиум на кој нејзиниот сопруг е извршен директор.

„Толку сум возбудена што можам да ви го најавам бебето број четири“, напиша таа на фотографијата, на која го покажа трудничкиот стомак.

Фото: Скриншот/Снепчет

Исто така, таа го откри и полот на детето, односно дека во нивното семејство пристигнува уште еден син.

Фото: Скриншот/Снепчет

Како потсетување, Миранда Кер и Еван Спигел ја започнаа љубовната врска во 2015 година, а следната година ја објавија нивната свршувачка.

Тие стапија во брак во 2017 година, на приватна свадбена церемонија, со четириесетина гости, во Калифорнија.

Кер и Спигел станаа родители на нивното прво дете, синот Харт, во мај 2018 година, а синот Мајлс го добија во октомври 2019 година.

Манекенката има уште еден син, 12-годишниот Флин, од претходниот брак со актерот Орландо Блум.

Миранда Кер и Орландо Блум во 2013 година / Фото: EPA/NINA PROMMER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот