Министрите за здравство на Србија и Бугарија ги посетија повредените српски деца во хотелот во Стара Загора

Фото МИА

Двајцата министри за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и на Србија, Златибор Лончар го посетија хотелот во Стара Загора, во кој беа сместени српските деца и возрасните по вчерашната несреќата на автопатот Тракија.

Двајцата министри заедно создадоа организација за нивно транспортирање, уште денеска до бугарско-српската граница, каде што ќе ги преземат медицински екипи од Србија.

По договорите, 3 тима за реанимација тргнаа од Стара Загора кон границата меѓу Бугарија и Србија. Тие се очекува да бидат таму напладне, каде ќе им бидат предадени на српските здравствени власти, а ќе ги пречека српскиот министер за здравство.

Повредените српски деца веќе заминале на детското одделение во најголемата болница „Н.Пирогов” во Софија, каде ќе продолжи нивното лекување. Делот каде што синоќа се случи несреќата на автопатот Тракија сега е отворен, а од неа е отстранет српскиот автобус, но има уште едно место каде експертите повторно ќе влезат за да направат увид за состојбата и причините кои довеле до несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот