Министерството за земјоделство ќе функционира и без Хоџа, вели заменик-министерот Димковски

Трајан Димковски, заменикот-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во гостувањето на ТВ Сител попладнево рече дека овој ресор и натаму ќе функционира како што се очекува и покрај оставката на министерот Аријанит Хоџа.

Функционерот на „Беса“ во петокот си поднесе оставка како министер, откако неговата партија одлучи да излезе од владината коалиција.

„Можам да кажам дека во петокот се слушнавме, разговараме со него, утре ќе се видиме за деталите. Министерството ќе фиункционира, не знаеме колку време вака ќе биде, но што и да се одлучи до назначувањето на следниот министер, целата администрација ќе делува нормсално и тоа така ќе биде до назначување на новиот министер. Обврските до тогаш ги превзема заменикот-министерот“, рече Димковски во вестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот