Министерството за правда испрати допис за номинирање претставници во работната група за уставните измени

Министерство за Правда/ Фото: Влада на СРМ

Рокот за номинирање на претставници во работната група која ќе учествува во измените на Уставот е најдоцна до 10 април годинава.

Од Министерството за правда денеска информираа дека е испратен допис до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои имаат познавања на уставната материја.

Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава. За таа цел потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на Уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Во експертскиот тим, неофицијално, ќе бидат професорката по уставно право и поранешна министерка за правда Рената Дескоска, академикот Владо Камбовски, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, професорката по уставно право Беса Арифи и Александар Спасов, советник по уставни прашања од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски. Професорот по уставно право Светомир Шкариќ ќе биде ангажиран како дополнителен „филтер“, а составот се очекува да се официјализира до средината месецов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот