Минималната плата во Албанија ќе биде 500 евра

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра, пренесе rtsh.al.

Во видео порака објавена на социјалните мрежи, Рама рече дека минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени, кои ќе го добијат ветениот износ од 500 евра.

Рама вети дека до крајот на неговиот мандат, минималната плата во Албанија ќе достигне 700 евра.

Тој додаде: „како што ветивме, владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци“.

„Вака кажано, ова сум јас и ова сме ние. Јас велам и ние го кажуваме она што го правиме и го правиме она што го кажуваме. И тие 83 мандати што ни ги дадовте да управуваме со Албанија во четвртиот мандат и да ја седнеме на масата на Европската Унија, како еднакви меѓу еднаквите, се 83 причини повеќе од до вчера, да не спиеме, да работиме без одмор. Извонредна доверба што ни ја дадовте е извонредна привилегија“, рече Рама.

Албанија има најниска бруто минимална плата не само регионот, туку и во Европа, која изнесува 408 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот