Фото: EPA/HUGO DELGADO

Милојевиќ: Фудбалот напредува многу брзо, мора да ги прифатиме новите трендови

Минатата недела Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија го комплетираше четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот.

На последните два дена од семинарот присуствуваше поранешниот тренер на Црвена звезда, Владан Милојевиќ кој заедно со членовите на неговиот стручен штаб, Небојша Милошевиќ, Иван Вучетиќ и Бојан Офенбехер ја презентираа програмата на тема „Периодизација и принципите на функционирање“.

Милојевиќ е човекот кој пред речиси една деценија ја врати Црвена звезда на големата европска сцена во Лигата на шампионите, a го предводеше поранешниот европски првак и во елиминациската рунда од Лига Европа.

Токму Милојевиќ е еден од најкомпетентните да даде одговор на прашањето, колку новите трендови во фудбалот на овие простори можат повторно да доведат до ситуација некој клуб од регионот да се бори за трофејот во Лигата на шампионите..

– Тоа е комплексно прашање и е многу тешко да се одговори, но во секој случај треба да се стремиме кон тоа и да се натпреваруваме со најдобрите. Фудбалот напредува исклучително брзо. Ако некогаш беше потребно многу време за да пристигнат одредени трендови, кои главно се следеа преку светските првенства, денес гледаме дека фудбалот се менува на дневно ниво. Живееме во ера на технологија каде сè е брзо и достапно. Денес многу повеќе земји учествуваат во натпреварувањата. На пример, во минатото многу земји не беа толку активни, а денес гледате дека скандинавските земји постигнуваат неверојатни резултати. Тоа значи дека мора да се стремиме кон напредок. Ќе биде тешко, но мора да верувате во тоа што го работите. Сепак, не е доволно само да верувате, мора и напорно да работите, да тренирате и да се обидувате да се мерите со најдобрите – вели Милојевиќ за официјалниот сајт на ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот