Милионите буквално му паднале од небо – Жежок камен вреден 1,5 милион евра му го пробил кровот и слетал во дневната

Илустрација, Фото: ЕПА

На сиромашниот Џошуа од Индонезија милионите буквално му паднале од небо…

Џошуа, кој во животот досега изработувал ковчези, многу се уплашил и изненадил кога едно попладне огромен камен му го пробил кровот и упаднал во неговата дневна соба. Каменот бил многу жежок, раскажал Јошуа, па така тој и неговата жена со помош на мотики го изнеле од домот.

Врелиот камен, со големина на фудбалска топка и тежок 2,2 килограми, е метеорит стар 4.5 милијарди години и веројатно е еден од најзначајните кои некогаш се нашле на земјата.

Џошуа го продал каменот за 1,5 милиони долари. Тој вели дека повеќе нема да изработува ковчези, а дел од парите ги инвестирал во своето село да изгради црква.

Таткото на три деца изјави дека тој и сопругата сакале да добијат уште една ќерка и дека сега се уверени дека ова е знак од вселената дека треба да имаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот