• слетал

Несреќа кај Нова Градишка: Возел автомобил без дозвола, па слетал во канал и починал

Возачот (31) загина во страотна сообраќајна несреќа во близина на Запоље кај Нова Градишка. Тој со автомобилот „слетал“ во канал. Истражителите откриле дека возачот немал положено возачки испит и користел мобилниот телефон додека возел по патот. Поради неприлагодена брзина на влажниот пат тој изгубил контрола и излетал од патот, објави хрватската полиција.