EPA-EFE/ARMANDO BABANI

„Милионерите“ потрошија 50 милиони евра за засилувања

Иако сезоната во Бундес лигата сè уште не е завршена, Борусија Дортмунд веќе ги започна подготовките на наредната.

„Милионерите“ веќе обезбедија две засилувања за кои ќе потрошат околу 50 милиони евра на стартот од преодниот рок, тоа се Ник Шулц од Хофенхајм и фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Торген Азар.

Шулц кој е член и на германската репрезентација, игра на позицијата лев бек и ќе биде замена за Ашраф Хакими кој се враќа во Реал Мадрид. На неговиот досегашен клуб, Хофенхајм ќе му припаднат 25 милиони евра како обесштетување.

Торген Азар доаѓа од Борусија Менхенгладбах и се шпекулира дека вредноста на трансферот ќе изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра. Белгиецот игра на левата крилна позиција и се очекува да биде замена за Кристијан Пулишиќ кој за сума од 64 милиони евра премина во Челси. Торган Азар е помладиот брат на ѕвездата на Челси, Еден Азар, кој исто така на лето ќе ја промени средината и Лондон ќе го замени со Мадрид.

Претходно, Борусија Дортмунд ја искористи клаузулата од договорот со Барселона и за 21 милион евра го откупи напаѓачот Пако Алкасер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот