Милионер бара асистент кој ќе патува со него низ светот: Платата е 35.000 евра

Фото: Инстаграм/ Matthew Lepre

Австралискиот милионер Метју Лепре бара личност која ќе го пропатува светот со него, а за оваа „работа од соништата“, како што многумина ја опишаа, тој нуди плата од 35.000 евра.

31-годишниот богаташ се занимава со е-трговија, а во слободното време патува низ светот и бара помошник кој ќе му се придружи на патувањата, пишува „Дејлимеил“ (Dailymail).

Лепре ја изградил својата деловна империја со онлајн бизнис и бизнис курсеви за обука, откако го напуштил колеџот на 23-годишна возраст. Поради работните барања, во последните пет години посетил 30 земји.

Фото: Инстаграм/ Matthew Lepre

„Барам вредна личност која ќе ми помогне во мојот бизнис. Ми треба десна рака која ќе ми помогне во патувањето и административните задачи“, изјавил тој.

Може да се пријават и лица без претходно искуство на работното место, а конкурсот е отворен за сите оние кои имаат валиден пасош, кои сакаат да патуваат, педантни се во работата и можат да ја прекинат врската со секојдневните работни места да влезат во авион и да тргнат.

Покрај тоа што нуди можност да патува низ светот со платени патни трошоци, милионерот нуди и плата од 35.000 евра, а новиот асистент ќе може да ги вози неговите скапи автомобили.

Фото: Инстаграм/ Matthew Lepre

Мислите дека понудата е премногу добра за да биде вистинита?

Лепре веќе направи нешто слично. Пред четири години објави отворен повик за личен асистент, а тогаш се пријавија околу 70.000 луѓе. На крајот, поранешна студентка по мода ја доби работата.

Истата година, тој покани и личен фотограф да патува со него за да го фотографира за неговиот Инстаграм, нудејќи плата од 32.000 евра.

Можете да аплицирате за работата преку неговата веб-страница на „Ecom Warrior Academy“.

Фото: Инстаграм/ Matthew Lepre

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот