Милијардерот кој загуби три деца во терористички напад сега доби близнаци: „Тоа се нашите две мали чуда“

Фото: EPA-EFE/OLUFSON JONAS

Данскиот милијардер Андерс Холч Повлсен (47) и неговата сопруга Ана, во мај минатата година се соочија го огромна семејна трагедија. Нивните три деца Алма, Агнес и Алфред загинаа во велигденскиот терористички напад во Шри Ланка. Само најстарата ќерка Астрид го преживеа тој ден.

На нешто помалку од една година од бомбашкиот напад, „Кралот на Шкотска“, какошто го нарекуваат Повлсен, и Ана станаа родители на близнаци.

– Ана и Андерс Холч Повлсен станаа родители на две здрави девојчиња, откако таа имаше лесна бременост и породување без компликации. Семејствата со полно срце ги дочека двете мали „чуда“ – стои во соопштението на нивната секретарка Кристина Монстер.

Се уште не се познати имињата на девојчињата кои се родија во вторникот, а Андерс и Ана ги опишаа како „две мали чуда“.

Повлсен е сопственик на модниот ланец „Бестселер“, а тој е и најголем земјопоседник во Шкотска. Исто така, тој е најголем акционер во „Асос, онлајн-продавница за облека и козметика.

Неговото богатство се проценува на околу 5,8 милијарди долари. Своето богатство го наследил од родителите, а одлучил да вложува во Шкотска поради тоа што како дете се заљубил во таа земја.

За потсетување, во терористички напад на Велигден во 2019 година во Шри Ланка загинаа најмалку 290 лица, а ранети се најмалку 500. Седум бомбаши самоубијци се разнесоа во цркви и луксузни хотели на овој трагичен ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот