Милевски го објави списокот за дуелот против Финска

Фото: ФФМ

Македонската репрезентација до 21 година во вторник ги започнува подготовките за пријателскиот меч со Финска кој ќе се одигра во Трнава, Словачка.

На списокот се наоѓаат 26 фудбалери, со напомена дека Јани Атанасов, Џемал Ибиши и Томче Гроздановски се жалат на повреда и лекарскиот тим во репрезентацијата ќе одлучи дали можат да настапат.

Голмани: Томас Божиновски (Феиренше, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котески (Победа).

Одбрана: Агрон Руфати (Истра, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Нехар Садики (Ренова), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев), Денис Стошиќ (Шпилберг, Германија), Михаил Маневски (Академија Пандев), Никола Серафимов (Брегалница).

Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов * (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (Работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Миле Тодоров (Осијек, Хрватска), Енсар Љума (Шкендија), Томче Гроздановски * (Злате Моравце, Словачка).

Напад: Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Џемал Ибиши *(Вардар).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот