Милчо Манчевски ќе ја режира романтичната комедија „Кајмак“

Македонскиот режисер во соработка со „Банана филм“ и британската продукција „Скала“ ќе ја режира комедијата „Кајмак“. Филмот ја раскажува приказната за две двојки кои се соседи и ќе се најдат среде нетрадиционални романтични врски.

„Кајмак“ ќе се снима во ко-продукција со Мета Луис Фолдагер Соренсе и Мет Борч од „Мета филмс“ од Копенхаген и Иван Дојков од „Даре филмс“ од Софија. Кастингот во моментов не е објавен.

– „Кајмак“ е за предизвиците и мудроста на прифаќање за тоа што се смета за „нормална“ романтична врска. За тоа ако го следите срцето, каде ќе ве одведе – вели Манчевски во изјава за „Варајети“ и додава дека приказната е и за табуата, изборите кои ги правиме во животот и како сето тоа “ни се враќа да нè повреди, инспирира и одведе на нови места“.

Филмот е поддржан од Македонската филмска акгенција, Данскиот филмски институт, Бугарскиот филмски центар и Македонската радио телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот