Мила Јовович со порака на кирилица го честиташе Велигден (ВИДЕО)

Мила Јововиќ го прослави православниот Велигден заедно со своето семејство. Познатата актерка неодамна повторно стана мајка, а неретко споделува како го поминува времето со своите три деца Евер Габо (13), Дашиел (5) и бебето Ошан. 

Мила Јовович со семејството / Фото: Инстаграм

Таа на своите следбеници на нејзиниот инстаграм-профил им го честита празникот со порака на кирилица.

  • Христотс воскресе! Среќен Велигден на сите. Еве неколку снимки од девојчињата како вежбаат руска/украинска велигденска традиција! И благодарам на мојата другарка Инга за прекрасниот Велигден“, напиша Мила.

На снимката се гледаат нејзините две ќерки Евер Габо и Дашиел како се кршат со вапсани јајца:

Мила Јовович е родена во Киев. Татко и е српскиот доктор Богдан Јововиќ, а мајка руската глумица Галина Логинова.

Инаку, нејзината најстара ќерка Евер Габо (13) веќе ги полни насловните страни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ever Gabo Anderson (@evergaboanderson) on

Тринаесет годишното девојче веќе имаше ангажмани во неколку холивудски филмски остварувања, како Resident Evil: The Final Chapter (2016) и Black Widow (2020).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ever Gabo Anderson (@evergaboanderson) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот