Миење и дезинфекција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”

Оваа интервентна дезинфекција и чистење на улиците е една од серијата мерки која Градот и градските јавните претпријатија ги спроведуваат поврзани со ширењето на коронавирусот.

Во текот на денешниот ден екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена” започнаа голема акција за миење и дезинфекција на улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје.

Како што соопшти Град Скопје, оваа интервентна дезинфекција и чистење на улиците во рамките на Клиничкиот центар е една од серијата мерки која Градот и градските јавните претпријатија ги спроведуваат поврзани со ширењето на коронавирусот.

Во спроведувањето на денешната акцијата, додаваат, се ангажирани триесет работници што со помош на две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во кој се наоѓа посебно средство за дезинфекција, вршат рачно миење и дезинфекција на целокупниот простор. Во рамките на акцијата се спроведува миење и дезинфекција на сите садови за одлагање комунален отпад што се поставени во Клиничкиот комплекс.

– Денешната акција ја спроведуваме во пресрет на последните случувања поврзани со ширењето на вирусот Ковид-19, со цел хигиената и чистотата на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” да се подигне на највисокото можно ниво, со што значително ќе се придонесе за превенција од ширење заразни заболувања, изјави директорот на „Комунална хигиена” Абдусамед Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот