Мицкоски топ вест во Бугарија: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е оженет за Бугарка!?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој важи за најголем противник на сè што е бугарско во РС Македонија, е оженет со Бугарка, јавува дописникот на БГНЕС од Благоевград повикувајќи се на информацијата дека Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза, има бугарско државјанство.

Бугарската новинска агенција нуди испис од избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија на 4 април каде балдзата на Мицкоски е евидентирана како државјанин на Република Бугарија и носител на гласачко право.

„Стевица, која работи како нотар во градот Струмица, има бугарски пасош. Овој важен документ може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување. Стевица Јанева е на списоците за претстојните парламентарни избори во делот 47 од општината Петрич, што е оддалечено само неколку километри од нејзината родна Струмица“, пишува БГНЕС.

Фото: БГНЕС

 

Понатаму, агенцијата објавува дека нејзиниот сопруг Јорданчо Јанев е сопственик на најголемиот ресторан во центарот на Струмица и е исто така бугарски државјанин и се појавува на избирачките списоци, само во Благоевград. Доколку сака, може да го искористи своето право на глас во Второто основно училиште „Димитар Благоев“.

Извор: БГНЕС

„Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи такво се дава само ако твоите предци се Бугари, тогаш излегува дека и Роза Мицкоска е Бугарка“, објавува БГНЕС.

„Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е познат по својата остра антибугарска реторика, пишува БГНЕС, која многу често го надминува добриот тон. Тој дури си дозволи неодамна да каже дека ако некој рече дека Гоце Делчев е Бугарин, „тој ќе направи дипломатски скандал ширум светот.  Сега, сепак, не е познато каков скандал ќе предизвика веста дека тој е оженет со Бугарка“, заклучува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот