Мицкоски се сретна со претставници на иницијативата „Не отворам врата”: Нема да поддржиме попис ако не е по стандардите на Еуростат

Христијан Мицкоски Фото: Facebook

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  соопшти дека се сретнал со претставници од иницијативата „Не отворам врата” со кои разговарал за актуелната политичка состојба во државата, но исто така ги запознал со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот.

-Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид пандемија која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1300 наши сограѓани. На средбата беа запознаени претставниците од иницијативата, но и заеднички се согласивме околу заложбата за доследна примена на практиките и методите на Еуростат при одржувањето на пописот, како и фактот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Еуростат и европските практики, напиша Мицкоски на Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот