Мицкоски: Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Да не навлегуваме во правните проблеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје, рече Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштето на партијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш да прогласи вонредна состојба со цел заштита на граѓаните од коронавирусот.

-Апелирам до Пендаровски да прогласи вонредна состојба во Македонија што поскоро и да не се губи време. Да не навлегуваме во правните проблеми, туку да навлеземе во решавање на проблемите на граѓаните и заштита на нивното здравје, рече Мицкоски на денешната прес-конференција пред седиштето на партијата.

Тој нагласи дека веднаш по прогласување на вонредната состојба Владата мора да донесе одлуки за заштита на бизнисот и компаниите.

-Во клучните два месеца очекуваме негативното влијание на економијата да изнесува 220 милиони евра или месечно да се губат по 110 милиони евра. Денеска Владата излезе со пакет мерки од некоја си кредитна линија од пет милиони евра што не е доволна. Ако не помогне државата ќе значи банкрот за многу компании, рече Мицкоски.

Побара веднаш по прогласувањето на вонредната состојба да се донесат владини одлуки со законско дејство.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот