Мицкоски: Денес сме пред голем предизвик, судбоносен за земјава

Денес одново сме пред голем предизвик, овојпат судбоносен за иднината на нашата земја, зашто две работи се јасни:  нашиот народ не живеел потешко време, и втората е што СДСМ и Зоран Заев ќе паднат. Ќе бидат поразени од народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Прилеп, во обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и годишнината од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во 1991 во Прилеп. 

Според Мицковски, ВМРО ДПМНЕ не е само нивна партија, тоа е кодот на Македонецот, организацијата која во историјата ги дала, како што рече, најдобрите синови и ќерки на нашата земја. Чувар на огнот за Македонија веќе 126 години, од кои 29 години таа битка ја води ВМРО-ДПМНЕ. Обновата на Македонија и треба, рече, повеќе од било когаза да се препороди, да се развие, за да се изгради здраво и витално општество.

 Ни треба работа, и ни треба постојаност. Постојанството за кое говореше Делчев. Тоа значи да бидеш горд на своите предци, на нашите херои, на идејата и делото на организацијата, на македонизмот кој е дел од нашата душа. 23 Октомври е датумот со златни букви испишан во нашата историја, и таа сила, тој труд и постојанство денес одново не крева за да ја донесеме обновата која насушно и треба на нашата мила Македонија. 23 октомври е инспирација, но и потсетник колку е скапа слободата која е издвојувана, но и колку треба да си ја  чуваме и браниме  Македонија – рече Мицкоски.

Ни престои обнова за која мораме да се избориме. А обновата е сонот за Македонија каква секогаш сме ја сакале и заслужувале. Горда, исправена, европски интегрирана, технолошки тигар на Балканот, со зони кои работат, со фабрики кои се отвораат, со здравство кое функционира. Нашата задача е да ја вратиме надежта кај луѓето и заедничката среќа. Да ги намалиме поделбите и омразата. Да постигнеме единство за националните прашања. Да донесеме правда. Мора да постои одговорност. Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се збогатија на грбот на народот, рече Мицкоски.

На средбите и разговорите со прилепчани во центарот на градот, Мицкоски рече дека сè уште не се одредени имињата на тие што од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат дел од техничката влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот