Кирјакос Мицотакис, премиер на Грција/Фото: EPA-EFE/URS FLUEELER / POOL EDITORIAL USE ONLY

Мицотакис: Пресретнавме ирански ракети над С. Арабија, тоа беше строго одбранбена операција

Откако грчки систем „Патриот“ во Саудиска Арабија вчера собори две ирански ракети, грчкиот премиер Константинос Мицотакис изјави дека станува збор за „исклучиво одбранбена акција“, во рамките на договорот со Саудиска Арабија – долгогодишниот стратешки партнер на Грција, пренесе „Грик сити тајмс“.

Според Мицотакис, ракетите биле на пат кон рафинерија во Саудиска Арабија.

На прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, Мицотакис објасни дека системот Патриот е распореден во Саудиска Арабија од 2021 година со одлука на Владиниот совет за надворешна политика и одбрана, „во рамките на поширокиот напор за заштита на критични инфраструктури поврзани со безбедноста на снабдувањето со горива“ и нагласи дека вчерашното пресретнување „претставуваше строго одбранбена акција“ во рамките на билатералниот договор меѓу двете земји.

За критиките од опозицијата дека Владата ја вмешува земјата во војната, грчкиот премиер нагласи дека „не треба да се извлекуваат дополнителни заклучоци“.

– За оние кои се прашуваат „Добро како Грција има корист од ваква иницијатива?“, ќе кажам само едно: доколку овие рафинерии, една клучна рафинерија во Саудиска Арабија, навистина беше погодена, тогаш цената на нафтата денес ќе беше значително повисока. Затоа заштитата на клучните енергетски инфраструктури и од едната и од другата страни, треба да биде врвен приоритет. Грција и Франција имаа водечка улога и во Европскиот совет во потребата да се формулира предлог за мораториум што ќе исклучи какви било напади врз енергетски објекти, без разлика дали се наоѓаат во Иран или во земјите од Заливот, објасни Мицотакис.

Во однос на економските последици од кризата, посочи дека на Самитот имале детална дискусија, нагласи дека во заклучоците на Европски совет била вклучена формулација што „отвора порта за поголема флексибилност во донесувањето мерки и на национално и на европско ниво за справување со оваа вонредна криза“, но сепак додаде дека не може да открие повеќе детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот