Кирјакос Мицотакис, премиер на Грција/Фото: EPA-EFE/URS FLUEELER / POOL EDITORIAL USE ONLY

Мицотакис: Европа мора да биде обединета и да постави црвени линии, но и да одржува соработка со САД

Европа мора да остане обединета, за да го заштити меѓународното право и суверенитетот на своите членки, како во случајот со Данска и Гренланд, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Сепак, тој нагласи дека  е важно да се одржуваат отворени канали за соработка со САД дури и во периоди на тензии, со јасно истакнати црвени линии.

Во својата редовна неделна објава на социјалните мрежи, тој рече дека Грција работи на решенија што го зајакнуваат мултилатерализмот, безбедноста и стабилноста, не преку конфликт, туку во договор со сојузниците.

Грција, како членка на Европската Унија со стратешки односи со САД, работи за решенија што ја зајакнуваат мултилатералноста, безбедноста и стабилноста. Не преку конфронтација, туку преку координација со нашите сојузници. Ја поддржуваме стратешката автономија на Европа преку посилна одбрана и поголема конкурентност, се стремиме кон активна европска улога во Газа и на Блискиот Исток и преземаме суштински иницијативи во рамките на Европската Унија и Советот за безбедност на Обединетите нации, напиша Мицотакис.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот