Мицкоски: Владата сака Итната медицинска помош да ја даде на фирма блиска до Заеви

Христијан Мицкоски / Утрински брифинг
Христијан Мицкоски / Утрински брифинг

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Градско изјави дека со измените на Законот за здравствена заштита, власта сака на приватен оператор близок до семејството Заеви кои ангажираа дел од своите вработени да се претставуваат како наводно незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ пред нешто повеќе од една година и да протестираат против актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е една омилена куќа за обезбедување на власта присутна и во електроенергетските компании, присутна во сите јавни објекти и тоа им беше малку и сакаат дополнително да влезат и во здравствениот сектор, односно да обезбедат да дадат приватна услуга за брзата помош“,изјави Мицкоски.

Тој информираше дека понатаму ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи носење на ваков закон, бидејќи вакви измени се штетни за граѓаните.

„Продолжува криминалот, корупцијата. Оваа влада на заминување премиерот на заминување, министрите на заминување не престануваат со скандалите и добро што е повлечен Законот“, кажа Мицкоски.

Венко Филипче за „Слободен печат“: Итната помош не се приватизира, тоа е еден голем политички спин!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот