Фото: Телма / принтскрин

Мицкоски вели дека само Ленче Ристоска испаднала од владиниот список за нов државен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во интервју на „Канал 5“ рече дека обвинителката Ленче Ристоска единствена испаднала од владиниот список на кандидати за нов државен јавен обвинител.

Мицкоски рече дека од четворицата кандидати за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа сега се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска.

Мицкоски изминативе месеци постојано ја напаѓаше Ристоска, а тој негов однос се прелеа и во медиумите блиски до власта, прераснувајќи во цела оцрнувачка кампања против обвинителката која ги води предметите „Талир“ за имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски Советот едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж.

Цветановски, Биковски, Топалова-Исајловска – имиња кои се споменуваат за наследник на Коцевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот