Мицкоски повика на мобилизација на 8 мај – така ќе го спречеле евентуалниот бојкот на СДСМ и ДУИ
Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг – смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, доколку обете партии се решат на бојкот, со тоа ќе покажеле незрелост, односно дека не биле државотворни туку партии кои што се воделе од интерес за малкумината што ги предводат.
Препорачано
„Треба да сте достоинствени и во поразот. А вчера ВМРО-ДПМНЕ, со резултатите на првиот круг на изборите ја победи целосната владина коалиција убедливо. Тука зборувам на двајцата кандидати на власта – едниот е Стево Пендаровски, вториот е Бујар Османи. Кога заедно ќе ги соберете доаѓаат околу 300 илјади гласа. ВМРО-ДПМНЕ само, односно професорката Силјановска има 363 илјади гласа, според последните бројки коишто доаѓаат од ДИК. Значи ВМРО-ДПМНЕ како што им кажа така и стори заедно со народот, ја порази Владата. Очигледно е дека има големо антивладино расположение. Тие на овој начин покажуваат дека не се државотворни партии, дека се водат од личен интерес. И мислам дека тоа ќе го препознаат граѓаните на 8 мај за време на вториот круг и на парламентарните избори, и ќе дојдеме до мнозинство во Парламентот како политичка опција и Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, истакна тој.


