Мицкоски не гледа ништо невообичаено во средбата меѓу Црвенковски и Пецаков
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не гледа ништо невообичаено во средбата на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со поранешниот претседател на државата и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски.
Препорачано
„Тоа предизвика вознемирување во редовите на СДСМ и актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче кој во време на Владата на ВМРО кога јас бев советник на тогашниот премиер тој беше советник на тогашниот министер за здравство. Нема да навлегувам во таков тип на дискусија бидејќи не ги знам ниту причините ниту мотивите, но со истиот тон и на истиот начин се интерпретираше и средбата на Ралев со Орце Ѓорѓиевски, идниот градоначалник на Скопје, кога Ралев кој важеше за еден од потенцијалните кандидати на СДСМ испи кафе со Ѓорѓиевски и даде поддршка“, рече Мицкоски во неговото гостување на емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче му порача на Црвенковски – „Или си СДСМ или не си“ коментирајќи ги фотографиите кои се појавија во јавноста од средбата на „папата“ со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Црвенковски остана воздржан и не сака да ја коментира средбата во охридскиот ресторан, која предизвика љубопитност во јавноста. Охридскиот градоначалник пак рече дека средбата била непланирана.
„Папата“ не коментира за охридската „случајна средба“ со Пецаков и Донев


