Андреј Жерновски / Утрински брифинг
Андреј Жерновски / Утрински брифинг

Мицкоски најде „стратегија“ да ги задржи младите, вели Жерновски – Америка нема да им дава визи

Поранешниот државен и локален функционер, Андреј Жерновски, преку објава на „Фејсбук“ го критикува премиерот Христијан Мицкоски откако САД вчера соопштија дека Македонија е меѓу 75 земји за кои привремено се запира издавањето иселенички визи.

Според Жерновски, оваа одлука на Вашингтон е директен демант на наводните „специјални односи“ на власта со администрацијата на Трамп.

„Браво за Мицкоски! Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи. Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции. Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш. Ова не е политика за младите, туку политика на затворање. Наместо да создаде услови поради кои младите би избрале да останат, власта создава услови поради кои светот им ги затвора вратите“, пишува Жерновски.

„Мицкоски ветува иднина во Македонија, а испорачува изолација. Ветува надеж, а носи рестрикции. Ветува перспектива, а добивме повик за будење од реалноста. Неговите „одлични, специјални односи“ со САД и со Трамп се толку одлични, што реалноста ни донесе повисоки царини за македонските производи и суспендирани визи за македонските граѓани. Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија. Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот