Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Мицкоски и големите трговци „заеднички заклучиле“ дека цените во маркетите треба да бидат фер

„Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и оти не треба да има ново зголемување“, информираше премиерот Христијан Мицкоски по средбата што се одржа попладнево во Владата.

Преку објава на социјалните мрежи, премиерот порачува дека нема да дозволат отстапувања и профитерство.

-Имав средба со големите маркети. Активно ја следиме состојбата и нема да дозволиме отстапувања и профитерство. Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа, напиша Мицкоски.

Продолжуваме, порачува премиерот, да ја следиме состојбата и да интервенираме доколку има потреба за тоа. – Најважен е интересот на граѓаните, напиша Мицкоски.

Тој пред средбата изјави дека има јасни пораки и аргументи кои ќе ги изнесе на состанокот и оти очекува во актуелната состојба на предизвици, сите да се однесуваат во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа, потенцира, се штити и бизнисот.

@Очекувам во овие предизвикувачки услови, сите да се однесуваме во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа се штити и бизнисот. Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во регионот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, за понатаму ќе видиме. Почетокот на годината е ветувачка според сите индикатори и параметри, но ние продолжуваме да работиме во интерес на стандардот на граѓаните. Трошоците на мало се зголемени 1,6 отсто во февруари, што значи дека и базичната инфлација полека, но сигурно се смирува. Имам јасни пораки и аргументи за денешниот состанок со трговците“, изјави Мицкоски.

Повеќе бензиски пумпи по 22 часот не точат гориво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот