Фото: Фејсбук / Христијан Мицкоски

Мицкоски е на самит на Европската народна партија во Брисел, вели дека главен фокус ќе му биде проширувањето на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски, кој како лидер на ВМРО-ДПМНЕ е на самит на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, информира дека партијата учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде во фокус ќе бидат глобалните предизвици, но и процесот на проширување на Европската Унија.

„Два дена сме овде во Брисел за да ја одбележиме 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека покрај официјалната прослава, ќе се одржи и Самит на лидери од партиите членки на ЕПП, на кој ќе се разговара за клучни глобални теми.

„Ќе разговараме за економската перспектива на Европа, за глобалните предизвици, војната во Украина, состојбите во Заливот и Иран, но и за зголемување на конкурентноста“, рече Мицкоски, кој објави и дека се сретнал со хрватскиот колега, Андреј Пленковиќ.

Како што нагласи, за ВМРО-ДПМНЕ особено важна тема ќе биде проширувањето на Европската Унија, како и презентацијата на реформите што, според него, ги спроведува Владата.

„Наш посебен интерес е разговорот за проширувањето на ЕУ и постигнувањата и реформите што ги реализиравме во изминатиот период како Влада“, додаде Мицкоски.

РСЕ: Европската комисија претстави идеи за прием на нови држави во ЕУ – членките резервирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот