Мичел бил сомнителен по 71 постигнат поен, па затоа целиот тим на Кавс бил тестиран на допинг
Играчот на Кливленд направи ретко виден подвиг во НБА, постигна 71 поен во мечот со Булс, што изгледа некој од официјалните лица помислил дека е постигнат со допинг, па само еден ден потоа целиот тим бил тестиран
Сите кошаркари на НБА тимот Кливленд кавалирс добија наредба да направат допинг тест по импресивниот настап на тимскиот соиграч Донован Мичел, кој на натпреварот со Чикаго булс (145-134) постигна неверојатни 71 поен, подвид што одекна низ целиот свет.
Препорачано
Еден ден по натпреварот сите кошаркари на Кавалирс беа тестирани за допинг.
Да потсетиме, покрај 71 поен, Мичел на мечот со Булс постигна и 11 асистенции, осум скока и еден блок. Тој имаше шут 22/34 од поле, вклучително 7/15 тројки и прецизно изведе 20 од 25 слободни фрлања.
Во НБА се прават допинг-тестови по одредени мечеви по случаен избор. Но, тестот на целиот тим на Кавс по споменатиот подвиг на Мичел, изгледа не е случаен, коментираат повеќе медиуми.
Претходно повеќе од 70 поени во еден меч во историјата на НБА поени постигнале само шестмина. Тоа се Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Елгин Бејлор, Дејвид Робинсон и Девин Букер.


