Миа Калифа ја искритикува Ким Кардашијан поради отворање бутици во Израел: „Мора да си глупав за да го направиш тоа“
Поранешната порно ѕвезда Миа Калифа ја критикуваше Ким Кардашијан, која наскоро планира да отвори неколку бутици во Израел како дел од својот бренд „SKIMS“.
Препорачано
Досега нејзините производи можеа да се набават во Израел преку „неформални канали“, а од компанијата неодамна објавија дека склучиле партнерство со израелскиот моден дистрибутер „Irani Corm“, матичната компанија на израелскиот бренд „Factory 54“.
Најавено е дека Ким Кардашијан до 2026 година ќе отвори 15 бутици во Израел. Токму на оваа тема, Миа Халифа на Икс (поранешен Твитер) ја сподели оваа вест и напиша:
„Носењето „SKIMS“ е вистински тест, мораш или да си глупав, или да не ти е важно, но претпоставувам дека е исто.“
Таа одамна на социјалните мрежи ја шири свеста за геноцидот кој Израел го врши врз Палестинците. Лани објави и видео од Израелка за која тврди дека ја навредувала.
„Тврди дека ме следела“, напиша Миа, а во видеото ѝ порача: „Држи се подалеку од мене, ти см*ди здивот.“
wearing sk*ms is such a litmus test bc you either gotta be bird brained or not care, but I guess those are the same thing https://t.co/b3BMopo1gx
— Mia K. (@miakhalifa) November 6, 2025
Од друга страна, минатата година, за време на панел дискусија на еден маркетинг настан во Германија, една жена од публиката ја прекина Ким викајќи: „Ослободете ја Палестина“. По тоа беше исфрлена од салата, а Ким рече: „Ослободете сè“.


