Љупчо Николовски /Фото: Слободен Печат / Слободан Ѓуриќ

„Ми го валкаат името“: Николовски најави тужби против членови на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски најави тужби кон членови од ВМРО-ДПМНЕ за, како што вели, неразумните обвинувања и тенденцијата неговото име да се валка со измислици и лажни тврдења.

Тој вели дека власта наместо да ја согледа реалната состојба и да преземе чекори по неговите укажувања за пробелмите со ИПАРД, неисплатените субвенции и тешката состојба во земјоделството, ВМРО-ДПМНЕ пласирале лажни пријави и клевети.

„Доколку своето време и енергија ги насочеа кон изнаоѓање решенија во интерес на лозарите, тутунопроизводителите, оризопроизводителите, овоштарите, градинарите и сточарите наместо кон обиди за замолчување на опозициски пратеник, денес резултатите во земјоделството ќе беа далеку поочигледни. Ваквите притисоци само потсетуваат на еден поранешен режим кој неславно заврши, наместо на институции посветени на вистинскиот развој на земјоделството.

Со оглед на неразумните обвинувања и тенденцијата моето име да се валка со измислици и лажни тврдења, единствениот логичен чекор е да преземам соодветни правни мерки. На тој начин, пред надлежните судски органи одредени поединци ќе добијат можност да ја докажат основаноста на лажните пријави и клеветничките прес-конференции“, напиша Николовски на Фејсбук.

Министерот Трипуновски бега од пратениците по скандалот со ИПАРД 3

ВИДЕО | Николовски: ИПАРД програмата стопирана, власта молчи – илјадници земјоделци без исплата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот