„Метлата“ на Заев продолжи: Разрешени и именувани нови директори на управни одбори на повеќе институции

Фото: МИА

Денеска Владата на 147 седница донесе одлуки за разрешување и именување на директори и членови на управни одбори на неколку институции.

Висарa Риза е нов в.д. директор на Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Милан Запровски в.д. директор на Државен инспекторат за земјоделство, Емил Крстевски е именуван за в.д. директор на Државен архив, Арбен Вила на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ.

Дејан Богоевски е именуван за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем, Пајазит Лика за в.д. заменик директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Армир Садики за в.д. директор на Биро за јавни набавки.

За в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ е именуван Ване Цветанов.

Рефик Мустафа е именуван за в.д. директор на Управа за електронско здравство.

Марјан Огненовски е разрешен од должноста управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ – Скопје, а на негово место е именуван Зоран Исајловски.

Милутин Станиќ е разрешен од должноста директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, а на негово место е именувана Славица Тодорова.

Смените на директори следуваат откако пред една недела премиерот Зоран Заев најави дека ќе има разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот