Металург со триумф над „помладиот брат“ ја отвори сезоната во Суперлигата

фото: рк металург

Првиот тим на Металург на стартот од новата сезона во ракометната Суперлига го совлада вториот тим на Металург со 37:30.

Младите ракометари на вториот тим на Металург одлично му парираа на „постариот брат“ дури и имаа водство до средината на првото полувреме (10:11), по што со серијата од 9:0 поискусните ракометари ги разрешшија дилемите околу победникот.

Милан Поповиќ со осум гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, Томислав Јагуриновски и Дарко Кондев постигнаа по седум голови. Кај вториот тим на Металург најефикасен беше Кофиловски со 10 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот