Металург се раздели со Стојановиќ

фото: рк металург

Екипата на Металург одлучи да ја прекине соработката со тренерот Дамир Стојановиќ уште во првиот месец од новата сезона.

Драматичното реми со Тинекс Пролет го натера раководството на Металург да се заблагодари на соработката со Стојановиќ кој во трите натпревари од Суперлигата има две победи и ремито со Тинекс Пролет.

Кондицискиот тренер Марко Шешум кој дојде заедно со Стојановиќ останува во Металург, исто како и Петар Мисовски кој работи како тренер на голманите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот