Металург како носител го чека следниот ривал во Лига Европа
ЕХФ ги објави двата шешира за утрешната жрепка (8 септември 2020 година) за двојките во второто квалификациско коло на Лига Европа, како последна пречка за пласман во групната фаза. Жрепката е со почеток од 11.00 часот.
Препорачано
Металург се најде во првиот шешир и ќе биде носител, заедно со екипите на Нексе (Хрв), ГОГ (Дан), Бенидорм (Шпа), Тулуз (Фра), Монпеље (Фра), Берлин (Гер), РНЛ (Гер), Балатон (Унг), Спортинг (Пор), Азоти Пулави (Пол) и Силкеборг. Тоа значи дека Металург ги избегна овие 11 екипи.
Идниот противник на македонскиот претставник ќе биде една од овие екипи: Ѓенѓеш (Унг), Холстебро (Дан), Кристијанштад (Шве), Скјерн (Дан), Потаиса Турда (Ром), Тримо Требиње (Сло), Криенс (Шва), Фиверс (Аус), Констанца (Ром), ЦСКА (Рус), Бидасоа Ирун (Шпа) и Винтертур (Шва).
Потсетување дека во првото квалификациско коло составот од „Автокоманда“ го елиминираше хрватскиот тим на Спачва.
Ракометарите на тренерот Зоран Кастратовиќ на првата средба во Скопје триумфираа со седум голови, 35:28, предност која успеа да ја одбранат откако на реваншот беа поразени во Винковци со 29:25.
Металург загуби во реваншот од Спачва но продолжува во квалификациите за ЛЕ


