Металург загуби во реваншот од Спачва но продолжува во квалификациите за ЛЕ

фото.:РК Металург

Ракометарите на Металург обезбедија пласман во второто коло од квалификациите за пласман во новоформираната Лига на Европа, откако во двете средби беа подобри од хрватскиот тим Спачва.

„Металурзите“ вечерва загубија со 29:25, но победата од првиот натпревар кој се играше минатиот викенд од седум гола разлика (35:28) се покажа како доволна за конечен триумф.

Ракометарите на Металург поразот го доживеаја поради послабата игра во второто полувреме и тоа во самата завршница кога помислија дека работата е веќе завршена.

Но, во 55. минута работите не изгледаа премногу сигурни за „металурзите“ бидејќи екипата на Спачва дојде до предност од четири гола (27:23). Сепак залихата од седум гола предност од првиот наптревар бее преголема и Металург обезбеди пласман во наредната рунда од квалификациите.
Канкараш и Мариќ со по пет постигнати голови беа најефикасни во редовите на Металург, а четири гола даде Хорват.

Фото: РК Металург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот