Металург ја темпира формата во Чеховски и Кањижа

фото: РК Металург

Неколку дена пред и после Илинден, Металург ќе тренира во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки.

Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири. Најпрво ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15 до 19 август, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22 до 25 август.

Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда.

Своите обврски во македонската Суперлига ќе ги почнат со одигрување на првото коло, кое е планирано на 7/8 септември.

Претходно „сино-белите“ како освојувачи на Купот на Македонија ќе треба да настапат во Суперкупот, за чија дата на одигрување треба да се постигне договор со шампионот во првенството, Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот