Металург го освои првиот бод во Лигата на Европа

Ракометарите на Металург го одиграа најдобриот натпревар сезонава во Лигата на Европа, но не успеа дојдат до победата и одиграа 33:33 против Фиверс. Металурзите во третиот натпревар во Лигата на Европа дојдоа до првиот бод, откако претходно загубија Адемар Леон и Тулуз.
Австрискиот тим подобро го отвори натпреварот и веднаш поведе со 0:3, а кон средина на првото полувреме Фиверс водеше и со 7:12. Потоа металурзите конечно заиграа подобро и на полувреме заминаа со негатива од три гола (16:19).

Во второто полувреме по само пет минути тимот од Автокоманда дојде до израмнување 20:20, а со голот на Рниќ и за прв пат поведе (21:20) на натпреварот. Одличната игра продолжи и во наредниме минути со што предноста се зголеми на 23:20.

Металург ја одржуваше предноста од 2-3 гола со последните седум минути од натпреварот кога при водство од 31:29 гостинскиот тренер мораше да земе тајм-аут, а по него австриските ракометари направија серија од 4:0 и го свртеа резултатот во своја корист.

Металург одговори со двата гола на Канкараш по што во последните 20 секунди успеа да го зачува својот гол и да дојде до бод. Серафимов и Хорват со по седум гола беа најефикасни во таборот на тимот од Автокоманда, додека кај гостите Ерик Дамбок одигра неверојатен натпревар постигнувајќи 11 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот