Мета со понуда до Рама: Ајде излези на дуел, земи си и засилување ако сакаш, ако не оди си

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Се заострува реториката во и онака заладените односи меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама. По преписките полни со меѓусебни обвинувања и навреди што си ги разменуваат по социјалните мрежи, Мета попладнево во објава на Фејсбук го покани Рама на дуел, во спротивно му порача да си оди.

– Дојди да се соочиме. во спротвно оди си, напиша Мета, додавајќи дека „актуелниот премиер може да земе со себе и засилување”.

Мета утрово се обрати со порака до Собранието на Социјалистиката партија чиј лидер е Рама, во која наведува дека „СП го прибрала Рама од бегалец и го направила министер, градоначалник и премиер” а сега тој партијата ја направил негов заложник.

Тој, исто така, го замолува Рама на денешната седница на партиското собрание да каже „името, местото и времето кога се сретнал со лице од криминалниот свет, предмет на Специјалното јавно обвинителство” за кое претходно го обвинил, ако не тогаш „веднаш да си поднесе оставка”.

На тоа Рама преку Твитер му одговори со прашањето „каков долг има Албанија што мора да ги трпи неговите секојдневни скалила” и му возвраќа со „ Илир, каков долг има Албанија кон тебе што те направи премиер, претседател на парламентот, претседател на државата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот