Мета ги повика албанските партии во Србија да се обединат за претстојните избори

„Претседателот Мета ги поттикнува сите политички сили во Прешевската Долина и сите Албанци кои што живееат во Србија, да земат учество во изборите, да ги обединат ставовите, со што би ја максимизирале својата улога и придонес во идните институции, како на централно ниво, така и на локално ниво“, се вели во соопштението до медиумите.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, ги повика албанците во Прешевската Долина, да се обединат и да излезат на гласање на претстојните избори кои треба да се одржат во Србија.

Според него, тоа ќе придонесе кон зајакнување на придонесот на Албанците во Србија.

– Претседателот Мета ги поттикнува сите политички сили во Прешевската Долина и сите Албанци кои што живееат во Србија, да земат учество во изборите, да ги обединат ставовите, со што би ја максимизирале својата улога и придонес во идните институции, како на централно ниво, така и на локално ниво – се вели во соопштението до медиумите.

Тој додаде дека што поголемото учество на Албанците на парламентарните избори и локалните избори ќе го зацврсти нивниот глас во функција на исполнување на нивните барања во Србија.

Парламнетарните избори во Србија ќе се одржат на 26 април 2020 година. Во овој процес албанските партии се очекува да настапат со заедничка листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот