Месут Озил ја заврши професионалната фудбалска кариера

фото: EPA-EFE/Kenan Asyali

Месут Озил, одлучи на 34-годишна возраст да ја заврши богатата професионална кариера. Германскиот фудбалер ја информираше јавноста преку својот Инстаграм профил со објава со која се прости од своите фанови:

– Здраво на сите, по долго размислување, го објавуваме моето повлекување од професионалниот фудбал. Скоро 17 години ја имав привилегијата да бидам професионален фудбалер и се чувствувам крајно благодарен за можноста. Сепак, во претходните недели и месеци имав многу проблеми со повредите и се појасно беше дека е време да ја напуштам големата фудбалска сцена – вели Озил.

Во текот на кариерата одигра 92 натпревари за германската сениорска репрезентација со која го освои Светското првенство во 2014 година.

На клупски план со Реал Мадрид беше шампион во „Ла Лига“ во 2012 година, а по еднаш излезе како победник и во „Копа дел Реј“ и шпанскиот Суперкуп.

Со Арсенал трипати доаѓаше до пехарот во ФА купот, еден трофеј во ФА Комјунити Шилд, а беше финалист во Лига купот и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот